Донации

Хаклабот КИКА има фиксни месечни трошоци од 15.879 денари за кирија, данок и комуналии.

На жиро сметката на Слободен софтвер Македонија можете да донирате средства за поддршка на КИКА. Во моментов најпотребни ни се финансиски средства за да можеме да продолжиме да ги оддржуваме активностите коишто се и секогаш ќе останат отворени за јавноста.

Покрај финансиските средства во КИКА постојано се трошат LED диоди, отпорници, микроконтролери, струја, компјутери, наполитанки, матични плочи, хард дискови и РАМ меморија со кои се изработуваат најразлични проекти. На КИКА и треба и инфраструктура па ако имате осцилоскоп, столчиња, маси, полици, фотељи, алат, електронски компоненти и сл. би биле добредојдени. Пополнете го формуларот докулку сакате да донирате опрема и ќе ве контактираме во најбрз можен рок.

Донации во Република Северна Македонија

За готовинско плаќање можете да го користите образецот ПП10 (уплатница), а за безготовинско плаќање, образецот ПП30 (налог за пренос).

Без разлика дали ни уплаќате еднократно, или повеќекратно на траен налог, ова се информациите кои треба да ги знаете:

Назив и седиште на примачот:
Слободен софтвер Македонија
ул. Злате Михајловски бр. 26
1000 Скопје
Банка на примачот:
НЛБ Тутунска Скопје
Трансакциска сметка:
210057088340110
Приходна шифра:
Приходна шифра: 562 (Уплати за донации)
Цел на дознака:
Донација за проект КИКА

Пополнување на образец ПП10 за донација

Образец ПП10 за уплата на членарина на хаклабот КИКА
  1. Вашето име и презиме и адреса или име и адреса на вашата фирма
  2. Доколку сте напишале име на фирма во претходното поле, во ова поле внесете ја банката каде што ви е сметката
  3. Даночен број (за фирма) или ЕМБГ
  4. Донација за проект КИКА
  5. Ваш потпис
  6. Слободен софтвер Македонија
    ул. Злате Михајловски бр.26 1000 Скопје
  7. НЛБ Тутунска Банка
  8. 210057088340110
  9. 562
  10. Сумата којашто сакате да ја донирате

Донации надвор од Република Северна Македонија

За уплати, надвор од Република Северна Македонија ќе ви требаат и кодовите IBAN и SWIFT.

IBAN:
MK07210057088340110
SWIFT:
TUTNMK22

Ви благодариме!

Ви благодариме за вашата донација и искрено се надеваме дека и понатаму ќе го поддржувате хаклабот КИКА и активностите коишто се одржуваат во него.