R Skopje група

R Skopje е корисничката група за R што (воглавно) се собира во скопскиот хаклаб КИКА. Започавме со TidyTuesday работилници во септември 2019, за да продолжиме со други теми (статистика, моделирање) во 2020.

Од февруари 2020 R Skopje e дел од Meetup мрежата на кориснички групи за R спонзорирана од R Consortium. Можете да се придружите тука.

Средбите вообичаено се случуваат секој вторник од 19 до 21 часот во КИКА.

R Skopje во 2020 е поддржан од R Consortium со Vector грант.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *