Loading Events

Past Events › Сподели знаење

Events Search and Views Navigation

Event Views Navigation

јули 2019

Предавање на Sofía Celi во Хаклаб КИКА: OTRv4 – A case around secure messaging

26 јули 2019 @ 19.00 - 20.00 CEST
хаклаб КИКА, Naum Naumovski Borche 38
Skopje, 1000 Macedonia
+ Google Map

Овој петок во хаклабот ни доаѓа Sofía Celi од Еквадор, да ни објасни за најновата верзија 4 на Off-the-Record (OTR) secure messaging protocol. Ќе ги разгледаме клучните сигурносни својства кои треба да ги имаат протоколите и апликациите за безбедна комуникација. Ќе истражиме како овие својства се изведени во OTRv4, и зошто се потребни во денешниот свет. Се гледаме овој петок во 19:00 во КИКА.

Find out more »

јули 2020

Сподели Знаење #4-2020: Логика, математика и софтвер

23 јули 2020 @ 19.00 - 21.00 CEST
Google Meet

Овој четврток (23-07-2020г.) ќе имаме „Сподели Знаење“, четврто годинава. Боро Ситниковски, кој е автор на Gentle Introduction to Dependent Types with Idris и Gentle Introduction to Blockchain with Lisp, по n-ти пат (не знам точно колку пати ни има предавано :)) ќе нѐ држи за рака, и со факел ќе нѐ води низ занданите на логиката, математиката и софтверот. Или, со негови зборови: Through examples we will show how we can prove software correctness using the automated theorem prover Dafny,…

Find out more »

Сподели Знаење #5-2020: Makefiles и други интересни работи

25 јули 2020 @ 19.30 - 21.30 CEST
Google Meet

Ако некогаш сте компајлирале поголем C/C++ проект, највероватно и сте се сретнале со фајл наречен Makefile (секако, не е ограничен само на C/C++). Овој фајл, кој се чита од програмот make, е диригиран од експлицитни правила за како да изврши одредена работа, дали е компајлирање на целиот проект, или пак бришење на cache фајлови. Дамјан Георгиевски, кој ни ја отвори годинава со првото „Сподели Знаење“ на Интернет со предавањето за Ансибл, овој пат ќе ни ги објасни сите (или, побитните)…

Find out more »

септември 2020

Сподели Знаење #6-2020: Еден иницијален систем да ги завладее сите други

25 септември 2020 @ 19.30 - 21.30 CEST
Google Meet

Уште едно ад-хок петочко сподели знаење каде што ќе зборуваме за иницијални системи, оние мали (или не :D) програми кои се должни да го стартуваат првиот процес во оперативниот систем, демонизираат други процеси и слично. Поконкретно, Дамјан Георгиевски ќе се фокусира повеќе на добрата што ги нуди systemd. Systemd е инаку најпознатиот иницијален систем, кои што најверојатно и го имате на вашиот систем ако користите некои од попознатите дистрибуции на оперативниот ситем GNU/Linux. Некои Интернет глави тврдат дека софтверот е…

Find out more »

октомври 2020

Сподели Знаење #7-2020: Создавање портабилни сервиси со Nix

6 октомври 2020 @ 19.00 - 21.00 CEST
Google Meet

Откако systemd ги завладеа останатите иницијални системи во претходното „Сподели Знаење“ кое траеше речиси два-ипол часа, сѐ уште не сме завршиле со темата. Овојпат, следно на агендата е создавање портабилни сервиси во systemd, што е Nix, и како да ги искористиме двете во комбинација за создавање на изолирани, reproducible и self-contained сервиси. Се гледаме овој вторник (06-10-2020) во 19:00ч. на следниов линк: https://meet.google.com/gex-mwvx-vut  

Find out more »

декември 2020

Сподели Знаење #9-2020: Дизајн автоматизација – преглед низ computational design и дигитална фабрикација

23 декември 2020 @ 19.00 - 21.00 CET
Google Meet

Сподели Знаење #9, но пред #8! Оваа среда ќе слушаме предавање на  Звонко Вугрешек на тема „Дизајн автоматизација - преглед низ computational design и дигитална фабрикација“. Како што тој го опишува: Предавањето ќе биде запознавање со полето на computational design како и со дигиталната фабрикација која се состои како што можете да претпоставите од многу различни гранки од ласерски сечачи, цнц-иња и разно разни 2/3Д принтери па се до индустриски роботи. Преку конкретни примери ке се запознаеме со принципите на…

Find out more »

Сподели Знаење #8-2020: Алгоритамско Инвестирање

24 декември 2020 @ 20.00 - 21.30 CET
Google Meet

Уште едно „Сподели Знаење“ годинава, со примеси на TidyTuesday. Љупчо Наумов, кој е исто така учесник и на TidyTuesday настаните во КИКА, овој пат на „Сподели Знаење“ ќе ни предава „Алгоритамско Инвестирање“. Или, со негови зборови: Во овој туториал ќе се презентира кратка теорија на Алгоритамско или Quant инвестирање што претставува начин на создавање на портфолија преку предефинирани правила. Фокусот ќе биде на практика така што ќе напишеме алгоритам во живо во R. Ќе симнеме финансиски податоци за сите членови…

Find out more »

јануари 2021

Сподели Знаење #1-2021: Етика и Вештачка Интелигенција

јануари 21 @ 20.00 - 21.30 CET
Google Meet

НОВ ЛИНК ЗА ПРЕДАВАЊЕТО:   https://t.co/wKu0ReTCGM  Прво па вештачки интелигентно! :) Ја започнуваме оваа нова низа на „Сподели Знаење“ предавања во 2021-та година со Марија Славковиќ (https://uib.no/en/persons/Marija.Slavkovik), која што е вонреден професор по вештачка интелигенција при Универзитет во Берген Норвешка. Таа се занимава со истражување на проблеми во колективно резонирање посебно во контекст на етички проблем во вештачката интелигенција. Предавањето дава краток преглед на вештачката интелигенција како истражувачка област и вовед во нејзината нова под-област: етичка ВИ (ethical AI). Предавањето…

Find out more »
+ Export Events