#СкопјеХаклаб на Интернет

хаклаб КИКА ул. Коста Шахов бр. 7, кат 2, стан 5, Skopje

Утре (понеделник) од 19:30ч. ќе го средуваме овој сајт на КИКА и ќе разгледуваме можни опции за мигрирање и префрлање од моменталниот. Добредојдени се сите што сакаат да помогнат во процесот.

Сподели Знаење #9-2020: Дизајн автоматизација – преглед низ computational design и дигитална фабрикација

Сподели Знаење #9, но пред #8! Оваа среда ќе слушаме предавање на  Звонко Вугрешек на тема „Дизајн автоматизација - преглед низ computational design и дигитална фабрикација“. Како што тој го опишува: Предавањето ќе биде запознавање со полето на computational design како и со дигиталната фабрикација која се состои како што можете да претпоставите од многу

Сподели Знаење #8-2020: Алгоритамско Инвестирање

Уште едно „Сподели Знаење“ годинава, со примеси на TidyTuesday. Љупчо Наумов, кој е исто така учесник и на TidyTuesday настаните во КИКА, овој пат на „Сподели Знаење“ ќе ни предава „Алгоритамско Инвестирање“. Или, со негови зборови: Во овој туториал ќе се презентира кратка теорија на Алгоритамско или Quant инвестирање што претставува начин на создавање на

Сакам да ми работи #1: Инсталираме Gentoo линукс

Во време на корона криза, полициски часови и миљон други проблеми -- на просечниот хакер тоа не му е доволно, па кога „ти работи“ линуксот и не е најдоброто чуство зашто немаш што да поправаш. Линукс дистрибуцијата Gentoo е добро позната во хакерските кругови. Има репутацијата на дистрибуција за која ти треба глупаво многу време

Сакам да ми работи #2: Продолжуваме со Gentoo Linux инсталацијата

Во четврток (15.04.2021) продолжуваме со инсталација на Gentoo линукс. После два часа, минатиот пат успеавме да стасаме до почеток. Во меѓувреме направивме и неколку нубски потези. На виртуелната машина ѝ дадовме само едно процесорско јадро, што и не е најпаметната идеја кога идејата е сѐ сам да скомпајлираш. Исто така, за да уште повеќе не

Сподели знаење: вовед во Golang

хаклаб КИКА ул. Коста Шахов бр. 7, кат 2, стан 5, Skopje

(Битна информација: хаклаб КИКА 4.0 е отворен на нова локација, на Коста Шахов бр. 7 стан 5 - розево/бела зграда лево од кафичот New Age. Настанот ќе се одржи во живо.) Овој вторник, 8ми ноември, во просторот на новоотворената, недоопремена КИКА ќе споделуваме знаење за јазикот Go, односно, главно Филип ќе споделува а ние ќе

Журка! Официјално отворање на КИКА 4.0

Овој петок. 20:00ч. Новата адреса е: Коста Шахов бр. 7 стан 5 (до Њу Ејџ.) Драги пријатели и поддржувачи на скопскиот хаклаб КИКА, со големо радување ве известуваме дека КИКА повторно постои, во својата четврта инкарнација (ако не ја броиме нултата.) За да го прославиме овој голем настан, како што е редот, ќе организираме журка.

Есенцијални системски повици во Линукс кернелот

хаклаб КИКА ул. Коста Шахов бр. 7, кат 2, стан 5, Skopje

Сподели знаење, вечер во 19ч (среда, 30-ти ноември) во новиот простор на КИКА. Ќе зборуваме за системските повици во Линукс кернелот, кои постоеле во 1.0 верзија (1994-та година) и постојат ден денес несменети. Ќе имаме кратко интро за што се тоа системски повици, ќе ја разгледаме листата, и ќе пробаме да повикаме некои од нив

Од нула: chess engine #2 (21 дек.)

хаклаб КИКА ул. Коста Шахов бр. 7, кат 2, стан 5, Skopje

Минатиот пат го поставивме проектот на некакви нозе: https://github.com/whoeverest/chesstito Што направивме: - Инсталиравме zig и wasmtime - Успеавме да искомпајлираме hello world апликација, со таргет архитектура wasm32 - Го импортиравме wasm фајлот во Јаваскрипт, повикавме JS функција од wasm, и обратно, повикавме wasm функција од JS Како што може да видите, не направивме ништо поврзано