Tidy Tuesday #25 (Online): Подигање сопствен Shiny сервер [14.04.2020]

Во вторник, 14.04, од 20:00 часот Дамјан ќе презентира како се подига Shiny сервер. Shiny е пакет за изградба на дешборди и апликации за анализа на податоци во R, кои можат да се користат без програмирање. Со сопствен сервер можно е да се споделат изработените дешборди и апликации со многу поголем број на корисници. Презентацијата

Сподели Знаење #3-2020: Магијата на еден домашно-изработен грамофон

Одамна на „Сподели Знаење“ не сме го тргнале фокусот од командна линија, програмски јазици и софтвер. Па така, можеби сега е правиот момент да ја повториме нашата омилена дефиниција за тоа што е „хакирање“, а тоа е: Игриво проучување на сложени системи што  другите луѓе ги земаат здраво за готово. Овој четврток (25ти јуни, 2020г.),

Сподели Знаење #4-2020: Логика, математика и софтвер

Овој четврток (23-07-2020г.) ќе имаме „Сподели Знаење“, четврто годинава. Боро Ситниковски, кој е автор на Gentle Introduction to Dependent Types with Idris и Gentle Introduction to Blockchain with Lisp, по n-ти пат (не знам точно колку пати ни има предавано :)) ќе нѐ држи за рака, и со факел ќе нѐ води низ занданите на

Сподели Знаење #5-2020: Makefiles и други интересни работи

Ако некогаш сте компајлирале поголем C/C++ проект, највероватно и сте се сретнале со фајл наречен Makefile (секако, не е ограничен само на C/C++). Овој фајл, кој се чита од програмот make, е диригиран од експлицитни правила за како да изврши одредена работа, дали е компајлирање на целиот проект, или пак бришење на cache фајлови. Дамјан

Сподели Знаење #6-2020: Еден иницијален систем да ги завладее сите други

Уште едно ад-хок петочко сподели знаење каде што ќе зборуваме за иницијални системи, оние мали (или не :D) програми кои се должни да го стартуваат првиот процес во оперативниот систем, демонизираат други процеси и слично. Поконкретно, Дамјан Георгиевски ќе се фокусира повеќе на добрата што ги нуди systemd. Systemd е инаку најпознатиот иницијален систем, кои

Сподели Знаење #7-2020: Создавање портабилни сервиси со Nix

Откако systemd ги завладеа останатите иницијални системи во претходното „Сподели Знаење“ кое траеше речиси два-ипол часа, сѐ уште не сме завршиле со темата. Овојпат, следно на агендата е создавање портабилни сервиси во systemd, што е Nix, и како да ги искористиме двете во комбинација за создавање на изолирани, reproducible и self-contained сервиси. Се гледаме овој

Сподели Знаење #9-2020: Дизајн автоматизација – преглед низ computational design и дигитална фабрикација

Сподели Знаење #9, но пред #8! Оваа среда ќе слушаме предавање на  Звонко Вугрешек на тема „Дизајн автоматизација - преглед низ computational design и дигитална фабрикација“. Како што тој го опишува: Предавањето ќе биде запознавање со полето на computational design како и со дигиталната фабрикација која се состои како што можете да претпоставите од многу

Сподели Знаење #8-2020: Алгоритамско Инвестирање

Уште едно „Сподели Знаење“ годинава, со примеси на TidyTuesday. Љупчо Наумов, кој е исто така учесник и на TidyTuesday настаните во КИКА, овој пат на „Сподели Знаење“ ќе ни предава „Алгоритамско Инвестирање“. Или, со негови зборови: Во овој туториал ќе се презентира кратка теорија на Алгоритамско или Quant инвестирање што претставува начин на создавање на