PyData Skopje собир февруари 2020

Визуелизацијата е една од најефективните техники за претставување и анализа на разнородни податоци. Но за да ја одбереме вистинската слика (наместо “илјада зборови”), корисно е да знаеме како човечкиот мозок всушност ги перцепира и интерпретира визуелните елементи. Оваа презентација е токму за тоа: Како стратешки да го искористиме визуелниот дизајн за да ефективно претставиме вредности, врски и заклучоци.

Презентацијата е на Ана Ристеска која што работи како front-end engineer во trivago.

Како и вообичаено има место за околу 15 луѓе но ако дојдат повеќе ќе се снајдеме. Кафе/чај на принципот направи сам и интернет достапни во Хаклаб за сите.

TidyTuesday 18 во КИКА [28.1.2020 во 19 ч.]

Најавата е иста како претходно. Продолжуваме со моделирање и статистика во R (и Python) во хаклаб.

Ако доаѓате за прв пат пробајте да стигнете малку порано за да ви помогнеме да ја поставите околината на вашиот компјутер.

TidyTuesday 19 во КИКА [4.2.2020 во 19 ч.]

Како и секој вторник (дури и во оние вторници кога сме заборавиле да напишеме најава), TidyTuesday во Кика продолжува по замислениот распоред.

Учиме моделирање со R и Python. И овој вторник започнуваме со линеарни модели.

Ако доаѓате за прв пат пробајте да стигнете малку порано за да ви помогнеме да ја поставите околината на вашиот компјутер.

TidyTuesday 17 во КИКА [21.1.2020 во 19 ч.]