PyData Skopje собир јануари 2020

Резиме на презентацијата: Анотацијата на интонациските криви е макотрпна задача во која често е тешко да се направи прецизна класификација на типот на контурата. Ова се должи на големиот степен на дозволена варијација во мелодијата за успешен пренос на саканата лингвистичка и паралингвистичка информација, која е суперпонирана на веќе присутните нелингвистички варијации. За олеснување на процесот, дизајнирана е интерактивна алатка за анотација на интонациски криви во вид на веб апликација. Алатката се заснова на интерактивен графикон во кој интонациските криви се групирани според сличноста добиена со на варијациско
автоенкодирање. Корисникот може да ја искористи алатката за преглед на кривите, преслушување на исказите и нивна класификација во една од понудените категории. Целиот систем е изработен во Питон користејќи го Бокех (https://bokeh.org/) за интерактивна визуелизација и Џанго (https://www.djangoproject.com/) како веб платформа.

Овој проект е реализиран во соработка со проф. Михаел Вагнер, прозоди.лаб (http://prosodylab.org/), Универзитет МекГил, Монтреал, Канада.

Кратка биографија на предавачот:
Бранислав Геразов дипломирал и магистрирал на ФЕИТ во 2007 и 2011, а докторирал на УКИМ во 2014 година. На ФЕИТ бил ангажиран како  демонстратор од 2007, а од 2015 и како доцент, во наставата по предметите Електроакустика, Дигитални аудиосистеми, Биомедицинско инженерство, Биомедицинска електроника, како и низа предмети покриени од Институтот за
електроника. Остварил постдокторски истражувачки престој во ГИПСА-лаб, при Институтот на технологија на Гренобл во Франција. Во својата научна работа има објавено над 70 труда во меѓународни и национални списанија и конференции. Области од особен интерес му се дигиталната анализа, процесирање, препознавање и синтеза на говор, како и аудио и биомедицинските сигнали.

TidyTuesday 16 во КИКА [14.1.2020 во 19 ч.]

По празниците, Tidy Tuesday продолжува во малку сменет формат. Ќе пробаме да одиме чекор понатаму од визуелизации и да работиме статистика и моделирање.

Повелете ако сте заинтесирани.

 

#TidyTuesday 15 во КИКА [24.12.2019 во 19 ч.]

Последен #TidyTuesday оваа година. Како и вообичаено ќе погледнеме нов датасет со податоци и ќе ги пробаме да направиме некои интересни визуелизации.

Се гледаме во хаклаб!

#TidyTuesday е глобален настан насочен кон учење на data science во R.  Фокусот е на пакетот Tidyverse што содржи голем и усогласен дел од алатките во R за работа со податоци. Претходните настани во КИКА и нивната содржина можете да ги видите на https://discindo.github.io/TidyTuesdayAtKIKA/.

PyData Skopje собир декември 2019

Овој пат имаме вовед во правење на интерактивни dashboards за визуелизации на подататоци со пакетот Shinydashboard во R. Презентацијата ќе ја прави Љупчо. Ќе ја видиме структурата на еден dashboard, основи на ggplot2, и други интерактивни пакети за визуелизцаија.

Целта на презентацијата е да се претстават моќните делови за правање dashboards во R, како и предизвиците карактеристични за оваа околина.

Оние што сакаат да следат чекор-по-чекор и да пробаат сами, можат да дојдат со лаптопи. КИКА има простор за околу 15-тина луѓе, но ќе се обидеме да ги сместиме сите, доколку дојдат повеќе. Освен wi-fi мрежа во хаклабот има и кафе на принципот направи сам. Се гледаме во хаклаб.

#TidyTuesday 14 во КИКА [03.12.2019 во 19 ч.]

#TidyTuesday продолжува со домашни отворени податоци. Ќе ги истражиме податоците за буџетско трошење објавени од страна на Министерството за финансии, и ќе ја искористиме приликата да видиме како алатките од tidyverse може да се користат за работа со бази на податоци.

 

Се гледаме во хаклаб.

#TidyTuesday 13 во КИКА [26.11.2019 во 19 ч.]

На 13тиот #TidyTuesday заеднички ќе графираме датасет за плаќања на студентски кредити. Се гледаме во хаклаб.

 

#TidyTuesday е глобален настан насочен кон учење на data science во R.  Фокусот е на пакетот Tidyverse што содржи голем и усогласен дел од алатките во R за работа со податоци. Претходните настани во КИКА и нивната содржина можете да ги видите на https://discindo.github.io/TidyTuesdayAtKIKA/.