Почнувајќи од 3 септември, секој вторник (со малку среќа), ќе правиме R работилници по примерот на #TidyTuesday што се случува глобално.
Ако сте заинтересирани, дојдете со лаптоп. Се гледаме
Сподели знаење, слободна култура и слободен софтвер
Почнувајќи од 3 септември, секој вторник (со малку среќа), ќе правиме R работилници по примерот на #TidyTuesday што се случува глобално.
Ако сте заинтересирани, дојдете со лаптоп. Се гледаме
Овој петок во хаклабот ни доаѓа Sofía Celi од Еквадор, да ни објасни за најновата верзија 4 на Off-the-Record (OTR) secure messaging protocol. Ќе ги разгледаме клучните сигурносни својства кои треба да ги имаат протоколите и апликациите за безбедна комуникација. Ќе истражиме како овие својства се изведени во OTRv4, и зошто се потребни во денешниот свет.
Се гледаме овој петок во 19:00 во КИКА.
Ќе се вратиме на теми што го мачат секој систем администратор како:
Може ќе си играме со https://github.com/skopjehacklab/router-workshop/
Можеби само ќе пиеме пиво и ќе збориме за Ansible ¯_(ツ)_/¯
Вечерва во 20:00ч продолжуваме со лемење на првиот Југословенски DIY компјутер “Galaksija”. Може да ни се придружи секој што го интересира електроника, ретро компјутери и слично. Ќе има и пиво. 🙂
Утре (понеделник) од 19:30ч. ќе го средуваме овој сајт на КИКА и ќе разгледуваме можни опции за мигрирање и префрлање од моменталниот.
Добредојдени се сите што сакаат да помогнат во процесот.