Во четврток го сефтосуваме отворањето на КИКА 4.0 со СподелиЗнаење. Да, хаклабот е повторно отворен на нова локација: Коста Шахов бр. 7/5 (одма до ЊуЕјџ).
За таа цел, Боро Ситниковски ни организира СподелиЗнаење каде што ќе зборува програмскиот јазик и „докажувач на теореми“ Budge, базиран на неговиот научен труд, кој го објаснува како
[… ] a simple programming language based on Gödel numbering and prime factorization, enhanced with explicit, scoped loops, allowing for easy program composition. Further, we will present a theorem prover that allows expressing and working with formal systems. The theorem prover is simple as it relies merely on a substitution rule and set equality to derive theorems. Finally, we will represent the programming language in the theorem prover. We will show the syntax and semantics of both, and then provide a few example programs and their evaluation.
Се гледаме во четврток во 19:00ч. во КИКА!
Оваа недела, од 19:00h 20:00h ќе пробаме да го проработиме Nhost
Nhost комбинира неколку моќни алатки кои овозможуваат брзо прототипирање и развој на веб апликации:
- Hasura – GraphQL API кое поддржува ажурирање во живо (“realtime updates”)
- Авторизирање на корисници пркеу nhost auth
- Minio – решение за складирање поголеми датотеки (како на пример слики), алтернатива на S3 која може да ја пуштите локално.
За прелистувачот ги имаме следниве технологии
- NextJS за креирање на нова React апликација
- Mantine е библиотека со компоненти и дополнителни алатки која овозможува брзо и лесно прототипирање, благодарение на големиот број бесплатни урнеци
На овој сподели ќе го пуштиме nhost локално со docker-compose и ќе пробаме да направиме нова веб апликација за муабетење. (Aко некој има по интересна идеја која инволвира ажурирање во реално време, слободно нека каже)
Се гледаме во Недела на https://meet.google.com/ со кодот vfi-nyrt-jut
На овој виртуелен сподели настан ќе се запознаеме со Keycloak, слободен софтвер за имплементација на систем за авторизирање и менаџирање корисници.
Ќе го пуштиме Keycloak во наједноставната конфигурација, набрзина ќе направиме наша web базирана (SPA, nextjs) апликација и ќе додадеме проверка за авторизација на бекенд делот од NextJS. На тој начин ќе се запознаеме со неколку кул технологии кои овозможуваат овој процес да биде брз и едноставен (JWT, JWKS, асиметрична криптографија)
Доколку имаме време (а би требало да имаме), ќе разгледаме и други системи за авторизација како Auth0, Cognito или Supabase Auth и ќе видиме дали можеме да се снајдеме со нив.
Се гледаме на Гугл Мит на https://meet.google.com/ со кодот gnd-orih-kyt
Не мора секој кубернетз да биде на aws, google или azure (божсачувај). Вечерва ќе се обидеме малку поинакув кубернетс кластер.
Се гледаме во сабота во 20:00 на https://meet.google.com/fqx-ycuz-ijv
Минијатурна имплементација на мала виртуелна машина, базирана на CHIP-8 овојпат портирана на ESP32 микроконтролерот. Што сѐ тоа може да ни овозможи, но и како е стигнато до имплементацијата, ќе ни објасни Боро!
За припрема, кодот може да се види тука: https://github.com/bor0/evm-arduino/
Се гледаме во вторник, од 20:00 на https://meet.google.com/nbu-ohbt-gbf
Пред многу години имав направено Python програм кој конвертира .odt фајлови од yuscii кирилица, во прописна utf-8 кирилица.
Вечер од 20:00, обид да се напише истото во Rust на гугл-мит: https://meet.google.com/snc-iyph-iwm