Контакт

За најбрзо да стапите во контакт со членовите на хаклабот и Слободен Софтвер, закачете се на IRC каналот #spodeli на libera.chat. Ако немате IRC клиент, може да се закачите преку TheLounge webchat. До истиот канал може да стигнете и преку matrix протоколот ако се приклучите на собата #spodeli:spodeli.org.

Најпожелно е комуникацијата да се одвива на IRC каналот, така најбрзо и најлесно ќе добиете информации и одговори. Дури и ако не ви одговори некој веднаш, сите ги читаат логовите и ќе го видат прашањето, така да поседете врзани на каналот.

Вики страната wiki.spodeli.org содржи информации за проекти, идеи, како и куќниот ред на хаклабот. На неа исто може да се најдат упатства за слободен софтвер, извештаи од состаноци, агенди и најави за настани.

Twitter: @2cmk

E-пошта: info@slobodensoftver.org.mk