Сподели е иницијатива на непрофитната организација Слободен Софтвер Македонија којашто „оперира“ на една локација во Скопје, хаклабот КИКА. Поентата на „Сподели“ е да се приближи концептот на слободна култура и слободен софтвер до сите заинтересирани граѓани на Скопје па и пошироко.

Хаклабот е проект на Слободен софтвер Македонија, и местото каде што се организираат сите настани на ССМ и иницијативата „Сподели“.

Хаклаб?


За оние кои не се сретнале со овој термин претходно, хаклаб е место каде луѓе со заеднички интереси, најчесто компјутери, технологија и слободна култура како што е и во овој случај, можат да се среќаваат, социјализираат, соработуваат или едноставно да споделат знаење.

Хаклабот служи како отворен простор каде заинтересираните можат да изработуваат најразлични проекти, заеднички или индивидуални. Хаклаби има секаде во светот и КИКА е еден од нив.

Името на хаклабот, КИКА, е рекурзивен акроним и значи: КИКА е Информации, Култура и Автономија. Дознајте повеќе ...