Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Сподели Знаење #3-2020: Магијата на еден домашно-изработен грамофон

25 јуни 2020 @ 19.00 - 21.00 CEST

Одамна на „Сподели Знаење“ не сме го тргнале фокусот од командна линија, програмски јазици и софтвер. Па така, можеби сега е правиот момент да ја повториме нашата омилена дефиниција за тоа што е „хакирање“, а тоа е:

Игриво проучување на сложени системи што  другите луѓе ги земаат здраво за готово.

Овој четврток (25ти јуни, 2020г.), вниманието ќе го свртиме кон домашно-изработениот грамофон „dŵr“, направен од Марјан Стојнев (и потпомогнат од неговата екипа), кој што electronicbeats.net го објаснуваат како:

… минимален дизајн, во кој формата и на естетски начин ја следи функцијата, а белите и метални елементи преку комплементарен контраст се испреплетуваат со дрвото. Но главниот адут на овој грамофон е сепак звукот, за кој тимот што го произведува вели дека е 150 пати попрецизен од стандарден диџеј грамофон. Дизајниран и изработен целосно од локални луѓе и локални материјали, dŵr се склопува рачно и претставува вистински уникат и во светски рамки.

Па, за да се увериме дека е така, Марјан ќе ни објасни за тоа како функционира грамофонот, колку е сложено да дојдеш до едно вакво решение, со кои препреки се соочува еден човек кога би решил да направи свој грамофон итн..

Ќе зборуваме за хардвер, софтвер, аудио инженерство, па дури и ќе имаме live demo и walk-through. 🙂

Како и претходните неколку „Сподели Знаење“ настани, и овој ќе се случи преку Google Meet. Се гледаме во четврток во 19:00ч. на следниов линк: https://meet.google.com/xxt-pqsw-iyc

Details

Date:
25 јуни 2020
Time:
19.00 - 21.00 CEST
Website:
https://meet.google.com/xxt-pqsw-iyc

Venue

Organizer

хаклаб КИКА
Email
info@slobodensoftver.org.mk
View Organizer Website