Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

PyData собир во КИКА [14.11.2019 @ 19 ч.]

ноември 14 @ 19.00 - 21.00 CET

Првиот PyData собир во Скопје ќе се одржи на 14.11.2019 во хаклабот КИКА.  Тема ќе бидат два пакети за пристап до податоци. Пакетите се корисни за домашните истражувачи бидејќи овозможуваат директен пристап до отворените податоци што ги снабдуваат Државниот завод за статистика и владиниот open data портал. Пакетите се за R и се дел од поширока палета создадена од rOpenGov и rOpenSci. Вториот е под чадорот на NumFOCUS. За љубопитните ќе ги погледаме ckanr и pxweb. Воедно, на собирот ќе има и генерален вовед во тоа што претставува PyData, како и, се надевеме, дискусија за идеи и планирање на идни настани. Оние што сакаат да следат чекор-по-чекор и да пробаат сами, можат да дојдат со лаптопи и да имаат претходно инсталирано Rstudio. КИКА има простор за околу 20-тина луѓе, но ќе се обидеме да ги сместиме сите, доколку дојдат повеќе. Освен wi-fi мрежа во хаклабот има и кафе на принципот направи сам. Се гледаме во хаклаб.

Details

Date:
ноември 14
Time:
19.00 - 21.00
Event Category:
Event Tags:
, ,