IRC Новости: КИКА се сели на Libera.chat

ИЗВЕСТУВАЊЕ:

Овој блог напис е кратко инфо за новиот официјален IRC сервер и канал што го користиме.

Масовната миграција на канали и корисници се случува на серверот Freenodе на која ѝ претходеше жестока драма. Добар дел од модераторите на Freenode решија да отворат нов сервер, Libera.chat,  со себе повлекувајќи и огромен дел од корисниците и каналите. Нашиот канал #lugola повеќе нема да биде активен на Freenode.

Новиот канал е под името #spodeli, а серверот:

/server add libera irc.libera.chat/6697 -ssl

А со тоа и нов лог: https://irc.softver.org.mk/#/spodeli

Се читаме на IRC. 🙂

 

ps.

Libera сега има и прилично елегантен web пристап https://web.libera.chat/gamja/

Сподели Знаење #2-2020: Фраеризам со Kubernetes и Minikube

Следната сабота (09.05.2020), во 19:00ч., Миладин Паповиќ (ние си го знаеме како мики-вејв :)) ќе нѐ научи што е тоа Kubernetes, како се користи со Minikube и зошто треба да ни е гајле.

Според официјалните објаснувања:

Kubernetes (commonly stylized as k8s) is an open-source container-orchestration system for automating application deployment, scaling, and management.

Minikube is a tool that makes it easy to run Kubernetes locally. Minikube runs a single-node Kubernetes cluster inside a Virtual Machine (VM).

По распоред што не го следиме одамна, ова би требало да биде саботно сподели знаеање, но да речеме дека ова повеќе личи на SysAdmin средба што одамна ја чекаме. 🙂

Па така, апдејтирајте си ги системите, тестирајте си ги микрофоните, кикнети ги сите од мрежа за да не ви сецка нетот и се слушаме и гледаме во сабота на следниов линк: https://meet.google.com/msd-ckuh-nbs

А до тогаш, ве оставам со следниов „мим“ (меме де :))

Ха(ц)керски поздрав,
tin

Хаклаберски вечери на програмирањето #01-2020: Rust и уште нешто

Денес (сабота, 18 април 2020), во 19:00ч. ќе имаме „хаклаберски вечери на програмирањето“, или само „програмски вечери“. Се собираме на следниов линк: https://meet.google.com/rhe-qgde-pov, ќе си збориме за програмски јазици и ќе си програмираме за душа.

Може да паднат неколку линии Rust, може да паднат па и неколку линии од некој друг програмски јазик. Ама тоа не е битно. Битно е да се појавите во 19:00ч. со пијалок по ваш избор.

Се гледаме. 🙂

Сподели Знаење #1-2020: Автоматизација и „Ансибл“ објаснети како на „деца“!

Оваа сабота (11-04-2020) ќе имаме онлајн „Сподели Знаење“ („прво па споделено“ годинава) кадешто еден од членовите на 2CMK и Хаклаб КИКА, Дамјан Георгиевски, ќе нѐ држи за рака и ќе нѐ води низ една од најинтересните и најкорисните „гранки“ во администрирањето на системи, а тоа е автоматизацијата.

Меѓудругото ќе учиме и за Ansible, корисна алатка за подесување, или како што црвено-капите од IBM го објаснуваат: Ansible is the simplest way to automate apps and IT infrastructure. Application Deployment + Configuration Management + Continuous Delivery.

Па, придружете ни се во 19:00ч. во сабота на овој линк! Ви треба само Интернет конекција. 🙂