Оваа недела ќе покажеме како релативно лесно да имплементираме SSO (single sign-on) за апликации кои тоа не го подржуваат нативно. Ќе употребиме vouch-proxy, nginx и Nextcloud (како база/директориум на корисници).
Link: https://meet.google[ТОЧКА]com/bkb-hiqp-skj
На „Сакам да ми работи #4“ инсталиравме Arch Linux во виртуелна машина со UEFI, LUKS енкриптиран диск и systemd-boot како bootloader.
Дополнително вклучивме TPM2 како можност за декрипција на дискот.
Во сабота, од 20:00ч. продолжуваме со кои се предностите, а кои маните на тој систем, како да го нападнеме и идеално како да го одбраниме системот.
Meet: https://meet.google.com/sft-iunq-ube
Вечерва, петок во 20:00 инсталираме ArchLinux. Толку е твитот.
А митот е https://meet.google.com/ sft-iunq-ube
ps.
доколку има време ќе подесиме tpm2 за декрипција на LUKS, secure-boot и директно бутирање на uefi кернел без бутлоадер.
Во четврток (15.04.2021) продолжуваме со инсталација на Gentoo линукс.
После два часа, минатиот пат успеавме да стасаме до почеток. Во меѓувреме направивме и неколку нубски потези. На виртуелната машина ѝ дадовме само едно процесорско јадро, што и не е најпаметната идеја кога идејата е сѐ сам да скомпајлираш. Исто така, за да уште повеќе не ни работи, на виртуелниот диск му дадовме фиксирана големина па на сред инсталација ни снема место. 🙃
Како и да е, јуначки продолжуваме со Gentoo инсталацијата во четврток. Од почеток, со научените грешки и за 1% помудри од минатиот пат. 🙂
Линк: https://meet.google.com/dyq-jfny-efj
хакерски поздрав,
Христијан (yyy / lh.mk)
Утре, сабота, 10.04.2021 – ионака нема што да се прави, диската празни, колената секако болат. Па ќе си седиме дома и заедно на google meet ќе инсталираме NixOS.
NixOS е Linux оперативен кој се изградува со Nix expressions – функциски, pure програмски јазик.
Почеток во 20:00 часот, крај кога ќе снемаме сили (или шеќер во крвта).
Линкот за google meet e meet.google.com xip-yqxu-nhe
P.S. Настанот е #3, но се случува пред #2, оној со Gentoo Linux. 🙂
Во време на корона криза, полициски часови и миљон други проблеми — на просечниот хакер тоа не му е доволно, па кога „ти работи“ линуксот и не е најдоброто чуство зашто немаш што да поправаш.
Линукс дистрибуцијата Gentoo е добро позната во хакерските кругови. Има репутацијата на дистрибуција за која ти треба глупаво многу време да ја инсталираш, генерално поради фактот што повеќето работи мораш сам да ги искомпајлираш. Но според Википедија,
People who are prepared to invest the time required to configure and tune a Gentoo system can build very efficient desktops and servers.
Нашата цел е да пробаме да ја инсталираме дистрибуцијата без претходно конкретно знаење. Овој настан не е предавање, и јас не сум предавач. Повеќе од веројатно е дека ќе ни треба повеќе време, така што ако треба ќе го организираме повеќе пат и ќе продолжиме од каде што застанавме.
Ќе читаме документација, ќе пиеме пиво, ќе бегаме од темата и ќе проверуваме од време на време дали „ни работи“ или не. Ќе „рануваме“ рандом команди, и ќе го слушаме Дамјан како црвенее и како се издишува. Уствари, еве го, веќе почна.
Се гледаме вечер во 20:00ч. на meet.google.com/qtf-ochv-zfj,
хакерски поздрав,
Христијан (yyy)