Овој месец PyData собирот ќе се одржи на Zoom.
Темата е python notebooks, а предавач е Никола Стиков.
Заинтересираните може да кликнат RSVP на настанот на meetup и таму ќе го видат линкот од zoom собата.
Добредојде на PyData Скопје.
PyData е образовната програма на NumFOCUS, американска фондација која што пак е поддржувач на бројни софтверски проекти поврзани со Data Science.
Скопскиот огранок е 151 во светот, трет во нашето поблиско соседство.
Една од главните особености на PyData е промовирање на разноликост/вклученост (diversity) во заедницата и нашите напори ќе бидат насочени кон ова посебно.
Моменталното (мое) размислување е PyData настан да се случува еднаш месечно, со поформална структура / програма, додека истовремено продолжуваме со #TidyTuesday секој вторник во понеформалната атмосфера што ја нуди хаклабот.
Идеи за теми, локации (доколку ни притреба заради поголеми присуство) и слично се добредојдени. Главиот канал за комуникација ќе биде страницата на Meetup.
Визуелизацијата е една од најефективните техники за претставување и анализа на разнородни податоци. Но за да ја одбереме вистинската слика (наместо “илјада зборови”), корисно е да знаеме како човечкиот мозок всушност ги перцепира и интерпретира визуелните елементи. Оваа презентација е токму за тоа: Како стратешки да го искористиме визуелниот дизајн за да ефективно претставиме вредности, врски и заклучоци.
Презентацијата е на Ана Ристеска која што работи како front-end engineer во trivago.
Како и вообичаено има место за околу 15 луѓе но ако дојдат повеќе ќе се снајдеме. Кафе/чај на принципот направи сам и интернет достапни во Хаклаб за сите.
Резиме на презентацијата: Анотацијата на интонациските криви е макотрпна задача во која често е тешко да се направи прецизна класификација на типот на контурата. Ова се должи на големиот степен на дозволена варијација во мелодијата за успешен пренос на саканата лингвистичка и паралингвистичка информација, која е суперпонирана на веќе присутните нелингвистички варијации. За олеснување на процесот, дизајнирана е интерактивна алатка за анотација на интонациски криви во вид на веб апликација. Алатката се заснова на интерактивен графикон во кој интонациските криви се групирани според сличноста добиена со на варијациско
автоенкодирање. Корисникот може да ја искористи алатката за преглед на кривите, преслушување на исказите и нивна класификација во една од понудените категории. Целиот систем е изработен во Питон користејќи го Бокех (https://bokeh.org/) за интерактивна визуелизација и Џанго (https://www.djangoproject.com/) како веб платформа.
Овој проект е реализиран во соработка со проф. Михаел Вагнер, прозоди.лаб (http://prosodylab.org/), Универзитет МекГил, Монтреал, Канада.
Кратка биографија на предавачот:
Бранислав Геразов дипломирал и магистрирал на ФЕИТ во 2007 и 2011, а докторирал на УКИМ во 2014 година. На ФЕИТ бил ангажиран како демонстратор од 2007, а од 2015 и како доцент, во наставата по предметите Електроакустика, Дигитални аудиосистеми, Биомедицинско инженерство, Биомедицинска електроника, како и низа предмети покриени од Институтот за
електроника. Остварил постдокторски истражувачки престој во ГИПСА-лаб, при Институтот на технологија на Гренобл во Франција. Во својата научна работа има објавено над 70 труда во меѓународни и национални списанија и конференции. Области од особен интерес му се дигиталната анализа, процесирање, препознавање и синтеза на говор, како и аудио и биомедицинските сигнали.
Првиот PyData собир во Скопје ќе се одржи на 14.11.2019 во хаклабот КИКА. Тема ќе бидат два пакети за пристап до податоци. Пакетите се корисни за домашните истражувачи бидејќи овозможуваат директен пристап до отворените податоци што ги снабдуваат Државниот завод за статистика и владиниот open data портал. Пакетите се за R и се дел од поширока палета создадена од rOpenGov и rOpenSci. Вториот е под чадорот на NumFOCUS. За љубопитните ќе ги погледаме ckanr и pxweb. Воедно, на собирот ќе има и генерален вовед во тоа што претставува PyData, како и, се надевеме, дискусија за идеи и планирање на идни настани. Оние што сакаат да следат чекор-по-чекор и да пробаат сами, можат да дојдат со лаптопи и да имаат претходно инсталирано Rstudio. КИКА има простор за околу 20-тина луѓе, но ќе се обидеме да ги сместиме сите, доколку дојдат повеќе. Освен wi-fi мрежа во хаклабот има и кафе на принципот направи сам. Се гледаме во хаклаб.
Добредојде на PyData Скопје.
PyData е образовната програма на NumFOCUS, американска фондација која што пак е поддржувач на бројни софтверски проекти поврзани со Data Science.
Скопскиот огранок е 151 во светот, трет во нашето поблиско соседство.
Една од главните особености на PyData е промовирање на разноликост/вклученост (diversity) во заедницата и нашите напори ќе бидат насочени кон ова посебно.
Моменталното (мое) размислување е PyData настан да се случува еднаш месечно, со поформална структура / програма, додека истовремено продолжуваме со #TidyTuesday секој вторник во понеформалната атмосфера што ја нуди хаклабот.
Идеи за теми, локации (доколку ни притреба заради поголеми присуство) и слично се добредојдени. Главиот канал за комуникација ќе биде страницата на Meetup.