Прв дејт со K8s: кластер или кластерфак?

UPDATE: ќе почнеме половина час подоцна, во 19:30!

Значи следна е приказната: сите кул деца знаат Kubernetes, само јас не. Чаре? Или да се мачам сам да учам како работи, или да се срамам на стрим да учам. Во духот на „Сподели знаење“ го одбрав второто.

Од 19ч. овој четврток (18.11) на Google Meet ќе сетапираме K8s cluster (дали minikube или вистински, ќе видиме) чисто да се запознаеме со некои основни поими, како подови, сервиси и што ти ја знам таму.

Целта ќе биде, рецимо, да пробаме да диплојнеме некоја „едноставна“ веб апликација која во позадина користи (микро) сервиси. Можеби нема да стигнеме подалеку од читање документација, ама тоа е. Ќе видиме.

Се гледаме вечер од 19ч на Google Meet, линкот е: [google-meet-url]/usa-hzqh-qau

From scratch: имплементираме MD5 во Python

Од чиста мира, без некоја особена потреба, вечерва Андреј Т. (whoeverest) ќе го реимплементира MD5 hashing алгоритмот во Python. Во живо на стрим се разбира: https://meet.google.com/rta-negd-yjg

Овој алгоритам си има посебно место во историјата; на времето (кога беше све поарно) се користеше за хаширање на лозинки, секако, доколку програмерите беа доволно совесни да ги хашираат, арно ама испадна криптографски несигурен и денеска се користи претежно за не-толку-битни проверки од типот „фајл А е еднаков на фајл Б.“

Инаку постов го крстив „From scratch” затоа што од пред некое време имав идеја да направам редовен настан кај што ќе имплементираме Х од нула, каде што Х е некоја работа која ја користиме и земаме здраво за готово. Во зависност од интересот, ова може да биде еднократен настан или серија. Ако е серија ќе ја туриме на Нетфликс хехе.

Се гледаме вечер во 20:00ч. (Дата: 11.04, ден недела.)

Првата слика кога ќе пишеш hashing algorithm во DuckDuckGo, од Википедија.