
- This event has passed.
Сакам да испрограмирам: даночниот калкулатор во PureScript
22 јануари 2023 @ 21.00 - 23.30 CET
http://kalkulator.ot.mk/ е напишан во Elm и може да пресмета бруто од нето плата и обратно. Обратната пресметка е моментално имплементирана со бинарно пребарување.
На овој настан ќе пробаме да го решиме проблемот на поинтересен начин во PureScript. Прашањето е – можеме ли со еден израз да ги опишеме двете функции, едната за конверзија од бруто во нето, другата за обратна конверзија?
Ќе почнеме од едноставна имплементација која поддржува само линеарни калкулации, чиј код го има овде – ќе објасниме како работи. Потоа ќе пробаме да ја прошириме за да поддржува нелинеарни калкулации карактеристични за даноци (различна стапка во различен опсег на бруто плата) (имаме некои идеи, но не сме сигурни дали е можно)
Се гледаме online во недела 21:00 на https://meet.google.com/ со кодот cwm-jrmz-nuh