
- This event has passed.
Сподели Кино: „The Internet’s Own Boy: Приказната за Арон Шварц“
22 февруари 2023 @ 20.00 - 22.00 CET

На 22.02.2023 во 20:00 часот ќе ја започнеме серијата Сподели Кино во Хаклаб КИКА со „The Internet’s Own Boy: Приказната за Арон Шварц“.
Документарецот е режиран од Брајан Кнапенбергер (Brian Knappenberger) чија цел има да го прикаже животот на Арон Шварц.
Кратко сиже:
Филмот го прикажува животот на американскиот компјутерски програмер, писател, политички организатор и интернет активист Арон Шварц. Го опфаќа неговиот животен пат, придонесите за светот и последиците од сопствените дејствија.
За тие што не се запознаени со Арон Шварц, тој е лицето зад протоколот RSS, синтаксата Markdown и организацијата Creative Commons. Во 2011 година Арон е обвинет за кражба на научни трудови преку мрежата на универзитетот МИТ од порталот JSTOR. Со тоа Арон го привлекува вниманието на американската власт и е кривично гонет. Поради притисикот Арон Шварц си го одзема животот на 26 години. По неговата смрт судот ги отфрла обвиненијата.
Дојдете да се дружиме, да дискутираме, да се видиме…
Кој сака може да си донесе пијалок или грицки 🙂