Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

PyData Skopje собир јануари 2020

јануари 23 @ 19.00 CET

Резиме на презентацијата: Анотацијата на интонациските криви е макотрпна задача во која често е тешко да се направи прецизна класификација на типот на контурата. Ова се должи на големиот степен на дозволена варијација во мелодијата за успешен пренос на саканата лингвистичка и паралингвистичка информација, која е суперпонирана на веќе присутните нелингвистички варијации. За олеснување на процесот, дизајнирана е интерактивна алатка за анотација на интонациски криви во вид на веб апликација. Алатката се заснова на интерактивен графикон во кој интонациските криви се групирани според сличноста добиена со на варијациско
автоенкодирање. Корисникот може да ја искористи алатката за преглед на кривите, преслушување на исказите и нивна класификација во една од понудените категории. Целиот систем е изработен во Питон користејќи го Бокех (https://bokeh.org/) за интерактивна визуелизација и Џанго (https://www.djangoproject.com/) како веб платформа.

Овој проект е реализиран во соработка со проф. Михаел Вагнер, прозоди.лаб (http://prosodylab.org/), Универзитет МекГил, Монтреал, Канада.

Кратка биографија на предавачот:
Бранислав Геразов дипломирал и магистрирал на ФЕИТ во 2007 и 2011, а докторирал на УКИМ во 2014 година. На ФЕИТ бил ангажиран како  демонстратор од 2007, а од 2015 и како доцент, во наставата по предметите Електроакустика, Дигитални аудиосистеми, Биомедицинско инженерство, Биомедицинска електроника, како и низа предмети покриени од Институтот за
електроника. Остварил постдокторски истражувачки престој во ГИПСА-лаб, при Институтот на технологија на Гренобл во Франција. Во својата научна работа има објавено над 70 труда во меѓународни и национални списанија и конференции. Области од особен интерес му се дигиталната анализа, процесирање, препознавање и синтеза на говор, како и аудио и биомедицинските сигнали.

Details

Date:
јануари 23
Time:
19.00 CET
Event Category:
Event Tags:
,