
- This event has passed.
Сподели Знаење #6-2020: Еден иницијален систем да ги завладее сите други
25 септември 2020 @ 19.30 - 21.30 CEST

Уште едно ад-хок петочко сподели знаење каде што ќе зборуваме за иницијални системи, оние мали (или не :D) програми кои се должни да го стартуваат првиот процес во оперативниот систем, демонизираат други процеси и слично.
Поконкретно, Дамјан Георгиевски ќе се фокусира повеќе на добрата што ги нуди systemd.
Systemd е инаку најпознатиот иницијален систем, кои што најверојатно и го имате на вашиот систем ако користите некои од попознатите дистрибуции на оперативниот ситем GNU/Linux.
Некои Интернет глави тврдат дека софтверот е bloat, односно не е едноставен и прави работи кои не треба да бидат во неговиот домен. Други пак, се противат на ова. Нешто слично на Vim vs. Emacs војната на нрдовите. 🙂
Кои се лошите и добри страни на systemd ќе ги дознаеме вечерва (25-09-2020) во 19:30ч. на следниов линк: meet.google.com/mxb-ixyz-tbh