
- This event has passed.
Сподели Знаење #8-2020: Алгоритамско Инвестирање
24 декември 2020 @ 20.00 - 21.30 CET

Уште едно „Сподели Знаење“ годинава, со примеси на TidyTuesday.
Љупчо Наумов, кој е исто така учесник и на TidyTuesday настаните во КИКА, овој пат на „Сподели Знаење“ ќе ни предава „Алгоритамско Инвестирање“.
Или, со негови зборови:
Во овој туториал ќе се презентира кратка теорија на Алгоритамско или Quant инвестирање што претставува начин на создавање на портфолија преку предефинирани правила.
Фокусот ќе биде на практика така што ќе напишеме алгоритам во живо во R. Ќе симнеме финансиски податоци за сите членови на S&P500 индексот, и ќе дефинираме алгоритам кој врз база на тие податоци ќе генерира портфолио.
Целта е да се покаже дека Алгоритамско Инвестирање не е научна фантастика, и дека со неколку линии код можат да се постигнат одлични финансиски резултати.
Настанот ќе биде одржан во четврток (24.12.2020) во 20:00ч., онлајн т.е. на Google Meet, на следниов линк: https://meet.google.com/kaw-uovv-vgx
Доколку има измени во линкот до Гугл Мит, оваа објава ќе биде ажурирана.