- This event has passed.
Сподели Знаење #9-2020: Дизајн автоматизација – преглед низ computational design и дигитална фабрикација
23 декември 2020 @ 19.00 - 21.00 CET
Сподели Знаење #9, но пред #8! Оваа среда ќе слушаме предавање на Звонко Вугрешек на тема „Дизајн автоматизација – преглед низ computational design и дигитална фабрикација“.
Како што тој го опишува:
Предавањето ќе биде запознавање со полето на computational design како и со дигиталната фабрикација која се состои како што можете да претпоставите од многу различни гранки од ласерски сечачи, цнц-иња и разно разни 2/3Д принтери па се до индустриски роботи.
Преку конкретни примери ке се запознаеме со принципите на алгоритамскиот дизајн и како тој може да ја направи работата на дизајнерите многу поефикасна. Тоа не се однесува само на дизајнерите туку на сите струки кои сакаат да си ја автоматизираат работата и носењето одлуки, поготово онаму каде што има доста репетативни процеси и мануелна работа, на пример во градежништвото.
Овие процеси на автоматизација со оптимизација не се нешто сосема ново туку датираат од многу одамна, но дури сега имаме моќ да ги користиме на скоро секоја машина како што им била оригиналната замисла.
Најчест е Rhinoceros 3D & grasshopper кои се пионери на трендот на визуелното програмирање, но овие методи можат да се најдат во скоро секоја CAD или BIM програма, само што можеби не ни биле на тој начин претставени и сервирани.
Настанот ќе биде одржан во среда (23.12.2020) во 19:00ч., онлајн т.е. на Google Meet, на следниов линк: https://meet.google.com/kaw-uovv-vgx
Доколку има измени во линкот до Гугл Мит, оваа објава ќе биде ажурирана.
Се гледаме. 🙂