Можност за Студенти: Google Summer of Code (GSoC)

Драги студенти и читатели.

Хаклаб КИКА сака да ја сподели можноста со сите млади над 18 години за можноста да се вклучат и научат повеќе за светот на слободен софтвер ова лето.

Што е Google Summer of Code?

Google Summer of Code или накратко наречен GSoC е програма основана во 2005 од Google чија цел е да ги поврзе студентите да работат на софтвер кој е објавен со лиценца за слободен софтвер, а истовремено да бидат платени од Google за нивните придонеси.

Во 2023 година учесниците имаат можност да работат со една од 172 организации. Секој учесник индивидуално ја избира организацијата во која сака да работи и со каков проект сака да учествува. Проектите се бираат од листата на идеи на организациите, а постои и можност да настапат со сопствен проект. Организации има во доволен број, за сечиј интерес! Од оперативни системи, хардвер, алатки за развивање на софтвер, до системи за видео комуникација и разменување пораки, има широк спектар на можности. Организации за кои можеби имате слушнато, а биле дел од GSoC се: CERN, Python, PostgreSQL, Metasploit, OpenStreetMap, Tensorflow, VLC и многу други. Исто така организациите работат со разновидни технологии како Python, C, Rust и слично.

Апликациите за учесниците ќе бидат отворени на 20 март и ќе траат до 4 април.

Во меѓувреме искористете го времето да научите повеќе за организациите кои го будат вашето љубопитство и почнете да се запознавате со нивните ментори, проекти и кодови. Не се плашете да им испратите сугестии или да се запознаете, тие тоа го чекаат :).

GSoC оваа година станува полнолетен и има пртерпено многу промени. Една од промените е што повеќе не е потребно да имате завршен факултет, ниту активно да студирате за да учествувате. Оваа година учесниците ќе ја имаат можноста да изберат дали ќе работат на проект од 3 месеци или со согласност од менторот да се продолжи рокот на 5 месеци.

За работа на проекти од средна големина Google ќе исплати 1500 долари, додека потешките проекти се вреднуваат 3000 долари за целиот период.

Повеќе информации можете да побарате на страницата на: g.co/gsoc или да нè побарате на нашиот ИРЦ канал, #spodeli на Libera.

Со среќа на сите што ќе се пријават! 😀

Сподели Кино: „The Internet’s Own Boy: Приказната за Арон Шварц“

"Bob Young & Aaron Swartz" by creativecommoners is licensed under CC BY 2.0. To view a copy of this license, visit https://creativecommons.org/licenses/by/2.0/?ref=openverse.

На 22.02.2023 во 20:00 часот ќе ја започнеме серијата Сподели Кино во Хаклаб КИКА со „The Internet’s Own Boy: Приказната за Арон Шварц“.

Документарецот е режиран од Брајан Кнапенбергер (Brian Knappenberger) чија цел има да го прикаже животот на Арон Шварц.

Кратко сиже:

Филмот го прикажува животот на американскиот компјутерски програмер, писател, политички организатор и интернет активист Арон Шварц.  Го опфаќа неговиот животен пат, придонесите за светот и последиците од сопствените дејствија.

За тие што не се запознаени со Арон Шварц, тој е лицето зад протоколот RSS, синтаксата Markdown и организацијата Creative Commons. Во 2011 година Арон е обвинет за кражба на научни трудови преку мрежата на универзитетот МИТ од порталот JSTOR. Со тоа Арон го привлекува вниманието на американската власт и е кривично гонет. Поради притисикот Арон Шварц си го одзема животот на 26 години. По неговата смрт судот ги отфрла обвиненијата.

Дојдете да се дружиме, да дискутираме, да се видиме…

Кој сака може да си донесе пијалок или грицки 🙂

 

Учиме заедно: Deep learning со Andrej Karpathy

Денес (12.02.2023)  ќе учиме deep learning заедно во Хаклаб. Ќе почнеме со курсот на Andrej Karpathy – From Zero to Hero, курс кој во 7 лекции не води брзо од фундаментално знаење за невронски мрежи до градење на модел како GPT

Се гледаме од 19:00 вечер во Хаклаб!

Сакам да испрограмирам: даночниот калкулатор во PureScript

Calculator - Wikipedia

http://kalkulator.ot.mk/ е напишан во Elm и може да пресмета бруто од нето плата и обратно. Обратната пресметка е моментално имплементирана со бинарно пребарување.

На овој настан ќе пробаме да го решиме проблемот на поинтересен начин во PureScript. Прашањето е – можеме ли со еден израз да ги опишеме двете функции, едната за конверзија од бруто во нето, другата за обратна конверзија?

Ќе почнеме од едноставна имплементација која поддржува само линеарни калкулации, чиј код го има овде – ќе објасниме како работи. Потоа ќе пробаме да ја прошириме за да поддржува нелинеарни калкулации карактеристични за даноци (различна стапка во различен опсег на бруто плата) (имаме некои идеи, но не сме сигурни дали е можно)

Се гледаме online во недела 21:00 на https://meet.google.com/ со кодот cwm-jrmz-nuh

Од нула: chess engine #2 (21 дек.)

Минатиот пат го поставивме проектот на некакви нозе: https://github.com/whoeverest/chesstito

Што направивме:
– Инсталиравме zig и wasmtime
– Успеавме да искомпајлираме hello world апликација, со таргет архитектура wasm32
– Го импортиравме wasm фајлот во Јаваскрипт, повикавме JS функција од wasm, и обратно, повикавме wasm функција од JS

Како што може да видите, не направивме ништо поврзано со шах, ама добро се позициониравме за денес да почнеме со тоа да се бавиме. 🙂

Што можеби ќе правиме вечер:
– Ќе ја интегрираме ОСС библиотеката на Lichess за шаховски интерфејс: https://github.com/lichess-org/chessground
– Ќе искуцаме/искористиме библиотека за импортирање на FEN стрингови
– Ќе дебатираме која е правилната интерна репрезентација на шаховска табла/игра
– Ќе почнеме да го пишуваме основниот tree exploration алгоритам и ќе го натераме енџинот да одбере некаков рандом потег
– Ќе учиме шаховска теорија, нумеричка вредност на фигурите, positional play concepts и што сѐ не…

Бујрум во Хаклаб од 19ч. па натака.

Во мозокот му собира само 4 фигури.

МЕХ Митап во Хаклаб КИКА!

Хакери организираат забава, според вештачка интелигенција.

Македонски Етички Хакери, или МЕХ на кратко, е група која е креирана пред се за дружење, а воедно и заедничко учење, споделување на материјали, учество на хакатони/CTFs, итн.

На 24-ти декември ќе организираме предновогодишен настан во просториите на Хаклаб КИКА од 14:00 до 20:00 часот, каде што сите коишто имаат потреба од помош за Advent of Cyber или Advent of Code истата ќе може да ја добијат.

Доколку веќе ги имате решено сите задачи од избраниот Advent, слободно може да донесете било каков уред којшто сакате да го тестирате/програмирате со другите учесници (ld3k0fv ќе донесе “Rubber Ducky” -> Arduino Leonardo Mini).

Или пак доколку цела година сте биле вредни и сте учеле, дојдете само за муабет, дружење, и да се запознаеме!

Сите заинтересирани кои сакат да се приклучат кон МЕХ, да постават прашања, или да бидат во тек со сите настани кои ќе се случуваат во иднина, може да го сторат тоа преку следниот линк: https://discord.gg/4RNGbf5u5b.