PyData собир во КИКА [14.11.2019 @ 19 ч.]

Првиот PyData собир во Скопје ќе се одржи на 14.11.2019 во хаклабот КИКА.  Тема ќе бидат два пакети за пристап до податоци. Пакетите се корисни за домашните истражувачи бидејќи овозможуваат директен пристап до отворените податоци што ги снабдуваат Државниот завод за статистика и владиниот open data портал. Пакетите се за R и се дел од поширока палета создадена од rOpenGov и rOpenSci. Вториот е под чадорот на NumFOCUS. За љубопитните ќе ги погледаме ckanr и pxweb. Воедно, на собирот ќе има и генерален вовед во тоа што претставува PyData, како и, се надевеме, дискусија за идеи и планирање на идни настани. Оние што сакаат да следат чекор-по-чекор и да пробаат сами, можат да дојдат со лаптопи и да имаат претходно инсталирано Rstudio. КИКА има простор за околу 20-тина луѓе, но ќе се обидеме да ги сместиме сите, доколку дојдат повеќе. Освен wi-fi мрежа во хаклабот има и кафе на принципот направи сам. Се гледаме во хаклаб.

#TidyTuesday 11 во КИКА [12.11.2019 во 19 ч.]

Поврзана слика

На 11иот #TidyTuesday ќе презентираме dashboard кој визуелизира податоци за AEX индексот на акции во Амстердам. Ќе видиме скрејпање на податоци од веб страни со rvest, чистење со tidyverse, и на крај организација на разни визуализации во дешборд со пакетот flexdashboard. Се гледаме во вторник!

 

#TidyTuesday е глобален настан насочен кон учење на data science во R.  Фокусот е на пакетот Tidyverse што содржи голем и усогласен дел од алатките во R за работа со податоци. Претходните настани во КИКА и нивната содржина можете да ги видите на https://discindo.github.io/TidyTuesdayAtKIKA/.

#TidyTuesday 10 во КИКА [5.11.2019 во 19 ч.]

10!

Податоците за овој #TidyTuesday се актуелни: движење со велосипед и пеш.

Ќе пробаме да направиме нешто интересно. Се гледаме во халкаб!

 

#TidyTuesday е глобален настан насочен кон учење на data science во R.  Фокусот е на пакетот Tidyverse што содржи голем и усогласен дел од алатките во R за работа со податоци. Претходните настани во КИКА и нивната содржина можете да ги видите на https://discindo.github.io/TidyTuesdayAtKIKA/.

#TidyTuesday 9 во КИКА [29.10.2019 во 19 ч.]

#TidyTuesday продолжува по деветти пат. Овој пат Љупчо ќе презентира визуелизации на финансиски податоци.

Се гледаме во хаклаб!

#TidyTuesday е глобален настан насочен кон учење на data science во R.  Фокусот е на пакетот Tidyverse што содржи голем и усогласен дел од алатките во R за работа со податоци. Претходните настани во КИКА и нивната содржина можете да ги видите на https://discindo.github.io/TidyTuesdayAtKIKA/.

#TidyTuesday 8 во КИКА [22.10.2019 во 19 ч.]

Веќе сме во осма недела на #TiduTuesday во КИКА и најверојатно поради Ноќта на вештерктите (?) овонеделниот сет на податоци е за хорор филмови.

 

Се гледаме во хаклаб!

 

#TidyTuesday е глобален настан насочен кон учење на data science во R.  Фокусот е на пакетот Tidyverse што содржи голем и усогласен дел од алатките во R за работа со податоци. Претходните настани во КИКА и нивната содржина можете да ги видите на https://discindo.github.io/TidyTuesdayAtKIKA/.

PyData Скопје

Добредојде на PyData Скопје.

PyData е образовната програма на NumFOCUS, американска фондација која што пак е поддржувач на бројни софтверски проекти поврзани со Data Science.

Скопскиот огранок е 151 во светот, трет во нашето поблиско соседство.

Една од главните особености на PyData  е промовирање на разноликост/вклученост (diversity) во заедницата и нашите напори ќе бидат насочени кон ова посебно.

Моменталното (мое) размислување е PyData настан да се случува еднаш месечно, со поформална структура / програма, додека истовремено продолжуваме со #TidyTuesday секој вторник во понеформалната атмосфера што ја нуди хаклабот.

Идеи за теми, локации (доколку ни притреба заради поголеми присуство) и слично се добредојдени. Главиот канал за комуникација ќе биде страницата на Meetup.