TidyTuesday 18 во КИКА [28.1.2020 во 19 ч.]

Најавата е иста како претходно. Продолжуваме со моделирање и статистика во R (и Python) во хаклаб.

Ако доаѓате за прв пат пробајте да стигнете малку порано за да ви помогнеме да ја поставите околината на вашиот компјутер.

#TidyTuesday 15 во КИКА [24.12.2019 во 19 ч.]

Последен #TidyTuesday оваа година. Како и вообичаено ќе погледнеме нов датасет со податоци и ќе ги пробаме да направиме некои интересни визуелизации.

Се гледаме во хаклаб!

#TidyTuesday е глобален настан насочен кон учење на data science во R.  Фокусот е на пакетот Tidyverse што содржи голем и усогласен дел од алатките во R за работа со податоци. Претходните настани во КИКА и нивната содржина можете да ги видите на https://discindo.github.io/TidyTuesdayAtKIKA/.

PyData Skopje собир декември 2019

Овој пат имаме вовед во правење на интерактивни dashboards за визуелизации на подататоци со пакетот Shinydashboard во R. Презентацијата ќе ја прави Љупчо. Ќе ја видиме структурата на еден dashboard, основи на ggplot2, и други интерактивни пакети за визуелизцаија.

Целта на презентацијата е да се претстават моќните делови за правање dashboards во R, како и предизвиците карактеристични за оваа околина.

Оние што сакаат да следат чекор-по-чекор и да пробаат сами, можат да дојдат со лаптопи. КИКА има простор за околу 15-тина луѓе, но ќе се обидеме да ги сместиме сите, доколку дојдат повеќе. Освен wi-fi мрежа во хаклабот има и кафе на принципот направи сам. Се гледаме во хаклаб.

#TidyTuesday 14 во КИКА [03.12.2019 во 19 ч.]

#TidyTuesday продолжува со домашни отворени податоци. Ќе ги истражиме податоците за буџетско трошење објавени од страна на Министерството за финансии, и ќе ја искористиме приликата да видиме како алатките од tidyverse може да се користат за работа со бази на податоци.

Се гледаме во хаклаб.

#TidyTuesday 13 во КИКА [26.11.2019 во 19 ч.]

На 13тиот #TidyTuesday заеднички ќе графираме датасет за плаќања на студентски кредити. Се гледаме во хаклаб.

#TidyTuesday е глобален настан насочен кон учење на data science во R.  Фокусот е на пакетот Tidyverse што содржи голем и усогласен дел од алатките во R за работа со податоци. Претходните настани во КИКА и нивната содржина можете да ги видите на https://discindo.github.io/TidyTuesdayAtKIKA/.

#TidyTuesday 12 во КИКА [19.11.2019 во 19 ч.]

Продолжуваме со изработка на дешборди на 12тиот #TidyTuesday. Фокусот ќе биде пакетот shinydashboard, кој е стандард за создавање на професионални дешборди. Ќе видиме готов дешборд, и ќе направиме еден со податоците за Птица на Годината во Нов Зеланд, што е датасетот за овој #TidyTuesday . Се гледаме во хаклаб.