Од нула: chess engine (пон. 12 дек.)

Овој понеделник, од 19-ish часот во КИКА па до даљнег, ќе се случи првиот од серија на барем неколку настани во кои со многу ентузијазам и многу _малку_ знаење, ќе почнеме да развиваме chess engine.

Зошто? Добро прашање. Шах е добро, програмирање е добро – програмирање на работи поврзани со шах е божествено. Seriously though…

Зошто да програмираме chess engine кога Stockfish надмина 4000 ELO? Затоа што а) нема кој да не спречи, б) ќе учиме шаховска теорија ц) ќе учиме web assembly (тоа ќе биде compile target) и д) види прва точка.

Искрено, мислиме дека ќе биде супер-забавно да играме против сопствениот енџин и да го подобруваме до степен кај што ќе може да не победи. Ако не победи, сме успеале во програмирање, ако не нѐ победи, well, добри сме во шах. Како и да свртиш ќе си одиме дома среќни.

Ако те интересира шах и/или програмирање, бујрум утре во КИКА од 19ч.

Зиам, зимаш, зиам.. зимаш. Шах… undefined is not a function.

Есенцијални системски повици во Линукс кернелот

Сподели знаење, вечер во 19ч (среда, 30-ти ноември) во новиот простор на КИКА.

Ќе зборуваме за системските повици во Линукс кернелот, кои постоеле во 1.0 верзија (1994-та година) и постојат ден денес несменети. Ќе имаме кратко интро за што се тоа системски повици, ќе ја разгледаме листата, и ќе пробаме да повикаме некои од нив (во асемблер или во некој егзотичен јазик како Zig.)

Се гледаме вечер во 19ч.

Повик, меѓутоа не системски.

Гостински пост: Advent of Cyber & Advent of Code со МЕХ

Здраво читатели!

Ние сме Македонски Етички Хакери, или МЕХ на кратко.

МЕХ е група ентузијасти кои во слободно време сакаат да решаваат CTFs и заедно да научат како подобро да се заштитиме во дигиталниот свет. Затоа, од 1 декември ќе организираме секојдневен повик на платформата Discord, каде што заедно ќе решаваме проблеми од Advent of Cyber и Advent of Code. Нашата цел е да научиме нешто повеќе за сајбер безбедност и малку алгоритми.

Ако си заинтересиран да научиш повеќе, да го споделиш твоето решение со нас или просто ти треба помош, од 18:00 часот можеш да ни се приклучиш на следниот линк: https://discord.gg/uW4uajdc99. Или доколку си етички хакер/ка, личност што е заинтересиран/а за новите хакови во јавност или ја интересираат загатки, или пак имаш желба да расипеш нешто и да научиш нешто повеќе, МЕХ е тука да те пречека со отворени раце.

МЕХ ја користи оваа прилика да искаже голема благодарност до Хаклаб КИКА. ❤️

Журка! Официјално отворање на КИКА 4.0

Овој петок. 20:00ч. Новата адреса е: Коста Шахов бр. 7 стан 5 (до Њу Ејџ.)

Драги пријатели и поддржувачи на скопскиот хаклаб КИКА, со големо радување ве известуваме дека КИКА повторно постои, во својата четврта инкарнација (ако не ја броиме нултата.)

За да го прославиме овој голем настан, како што е редот, ќе организираме журка. Ќе има по некое пиво и сокче, ама добра идеја е да донесете и вие кога ќе доаѓате.

Исто така битно! Ако сакате да ја поддржите КИКА, ќе има касичка и ќе може да оставите донација (па ние ќе ги уплатиме парите на сметка.) КИКА во главно живее од донациите на членовите, а најголем дел од парите се трошат на кирија и сметки. Повеќе пари = повеќе гаџети со кои ќе може да си играме во месеците и годините кои доаѓаат.

Се гледаме во петок.

Програмери се забавуваат.

СподелиЗнаење: random hacking

(Битна информација: хаклаб КИКА 4.0 е отворен на нова локација, на Коста Шахов бр. 7 стан 5 – розево/бела зграда лево од кафичот New Age. Настанот ќе се одржи во живо.)

Овој четврток, 10ти ноември, во просторот на новоотворената, недоопремена КИКА заедно со Боро Ситниковски ќе споделуваме знаење за random ствари: C64 reborn, sudoku и варијации како и некои помошни алатки за решавање на некоја од тие, решавање на други random puzzles и останати работи што ќе налетаат 🙂

Се гледаме во четврток во 19:30ч. во КИКА!

Сподели знаење: вовед во Golang

(Битна информација: хаклаб КИКА 4.0 е отворен на нова локација, на Коста Шахов бр. 7 стан 5 – розево/бела зграда лево од кафичот New Age. Настанот ќе се одржи во живо.)

Овој вторник, 8ми ноември, во просторот на новоотворената, недоопремена КИКА ќе споделуваме знаење за јазикот Go, односно, главно Филип ќе споделува а ние ќе восприемаме.

Агендата е отприлика:
-> Куцаме “Hello Word”
-> Разгледуваме кои концепти го диференцираат Golang од другите јазици (пр. комуникациски процеси)
-> Се разпознаваме со основните типови: структури, интерфејси, низи, мапи…
-> Правиме чет апликација
-> Разгледуваме апликација на Go во вистинскиот свет и кои се најдобри ресурси да се научи

Нормално, во пракса нема да биде тоа агендата, ама без неа најавата ќе звучи несериозно. Тоа што е сигурно е, ќе зборуваме за јазикот, па ако те привлекува темата, бујрум во КИКА 4.0 (до Њу Ејџ.)

Вторник, од 19ч.

слика од gopher како гледа збунето
Неактивен член на КИКА го бара хаклабот на старата локација